Малерите на Златан Ибрахимовиќ со повредите се повеќе зачестија во изминатите две години, но оваа сезона беше крајно разочарувачка за шведскиот фудбалски генијалец, кој не успеа ни да врзе два натпревари во дресот на „росонерите“.
Ибрахимовиќ се враќаше по незгодна повреда и се очекуваше да влезе во второто полувреме на последниот меч со Лече, но голгетерот се повреди за време на загревањето, разочарано враќајќи се на клупата. Денеска пристигнаа разочарувачки вести за Златан, повредата на мускулот на ногата не е нималку наивна и се препорачува пауза од најмалку еден месец, што практично значи дека оваа сезона е предвреме завршена за Ибракадабра.
Ибрахимовиќ неодамна најави дека би сакал да ја продолжи кариерата за уште една година, како можна дестинација се најавуваше Монца на Силвио Берлускони, но останува да се види дали Златан ќе остане на тој став или летово сепак ќе ги закачи копачките на клин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА