Ибрахимовиќ одлучи – Уште една сезона, a потоа…

Златан Ибрахимовиќ по крајот на следната сезона ќе му каже збогум на фудбалот. Тој на крајот на актуелниот шампионат ќе го напушти Милан по само шест месеци поминати во клубот. Тој не се сложил со одлуката клубот да го отпушти Звонимир Бобан и поради тоа не сака да го продолжи договорот со „росонерите“, а по преземањето на клупата на Ралф Рагник, Германецот сака да го подмлади тимот, што значи дека искусните фудбалери ќе мора да бараат нов тим.

Болоња отпадна како опција за негов потпис, а како најголем фаворит се спомунва Хамарби, тим во кој и Злата е сопственик. Тој се очекува дресот на овој клуб да биде последниот кој ќе го облече, како би ја завршил кариерата во клубот кој е во негова сопственост. 

Ибрахимовиќ во Милан дојде во јануари годинава. За клубот од „Сан Сиро“ запиша 9 настапи на кои три пати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...