Ибрахимовиќ остана и без „круната“ во Шведска

Златан Ибрахимовиќ доживеа неочекуван пораз на шведската фудбалска сцена откако голгетерот на Милан не беше избран за најдобар фудбалер во својата татковина. Ибракадабра има 11 вакви признанија во кариерата, тој важеше за фаворит и за 2021 година, но ја загуби трката во гласањето од Емил Форсберг.

Асот на Лајпциг имаше импресивни настапи во Бундес-лигата и во ЛШ, но пресудни сепак се покажаа неговите четири погодоци постигнати на ЕП 2020, шампионат на кој Форсберг беше убедливо најдобар поединец во шведскиот состав, а Ибрахимовиќ не настапи поради повреда.

Златан Ибрахимовиќ десет години по ред, од 2007 до 2016, го добиваше признанието за најдобар шведски фудбалер, по што единаееттото го доби минатата година, кога освои повеќе гласови од Виктор Линделоф од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...