Фудбалерот на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ во неодамнешна изјава за медиуми објасни кој бил најголемиот проблем меѓу Жозе Мурињо и Пол Погба во Манчестер јунајтед.
„Постојат фудбалери кои сакаат слобода, сакаат да се чувствуваат слободно. Очигледно е дека Мурињо, пак, си има своја тактика, но има играчи кои мора да ги пуштите да бидат слободни“ – истакна Ибрахимови, притоа дополнувајќи:
„Погба не чувствуваше поддршка од тренерот, а тренерот не чувствуваше поддршка од играчот. Ако немате доверба во играчот, тешко дека тој ќе може да ви врати на терен со сета потреба енергија и мотивација. Сега Погба е слободен, може да прави што сака и е среќен“.
По заминувањето на Мурињо, Манчестер јунајтед но и Погба посебно играат препородено, запишувајќи седум победи во низа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА