Пред осум месеци, Златан Ибрахимовиќ се одлучи да ја прекине игачката кариера. Сега признава дека тој момент му бил тежок во неговиот живот.
Швеѓанецот на 42 години се одлучи да стави крај како играч на Милан, а сега вели дека има време повеќе да се посвети на синовите.
„Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци. Прифатив да завршам со кариерата, што беше тешко поради моето его. Мислам дека сум најдобар, и натаму сум најдобар, можев да продолжам, но одлучив да прекинам затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за синовите. Така прифатив дека е време да се повлечам, дојдов до точка кога си реков себе: во ред е, пушти се и почни ново поглавје во својот живот“, рече Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА