Милан соопшти дека Златан Ибрахимовиќ поради повреда за која е потребна операција на колено ќе биде надвор од терените во следните осум месеци па во медиумите се јавија шпекулации дека тоа ќе биде крај на кариерата за 40-годишниот шведски голгетер кој пленеше на терените повеќе од две децении.
Повредата не е нималку наивна, а Швеѓанецот со југословенско потекло сега во објава на социјалните медиуми детално го опиша пеколот кој го проживеал во претходниот период
„Последните шест месеци играв без лигамент на левото колено. Коленото ми беше отечено шест месеци. Можев да тренирам со екипата само десет пати во последните шест месеци. Добив повеќе од 20 инекции за шест месеци. Го празнев коленото еднаш неделно во период од шест месеци. Пиев лекови за болки секој ден во последните шест месеци. Шест месеци едвај спиев од болка. Никогаш не сум пател толку многу на теренот и надвор од него. Го направив невозможното возможно. На ум имав само една цел, да ги направам моите соиграчи и тренери прваци на Италија бидејќи им ветив. Денеска имам нов лигамент и уште еден трофеј“, напиша Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА