Контроверзниот играч на Милан, Златан Ибрахимовиќ смета дека Лионел Меси и Аргентина ќе го подигнат трофејот на Мундијалот во Катар.
Според него, пишано е Аргентинците да се искачат на „покривот“ на светот, иако ги цени и почитува и останатите селекции кои се во полуфиналето.
„Мислам дека е пишано кој ќе го освои Светското првенство, и знаете на кого мислам. Мислам дека Меси ќе го подигне трофејот, така е секаде запишано“, рече Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ смета дека и Франција и Хрватска се квалитетни селекции, и го почитува Мароко.
„Мене Мароко не ми е изненадување, знаев дека и пред почетокот се добри. А на Мундијалот може сешто да се случи“, рече Ибрахимовиќ.
Zlatan Ibrahimovic believes the stars are aligned for Lionel Messi to finally capture that elusive World Cup trophy, the AC Milan forward told reporters in Dubai on Monday. | @Sport24news #FIFAWorldCup#Qatar2022https://t.co/yODrz3OobM
— News24 (@News24) December 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА