Ибрахимовиќ под истрага: Во центарот на „корона-скандал“

Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на нов скандал откако претходно имаше проблеми и поради судирот со главниот директор на Милан, Иван Газидис,

Напаѓачот на Милан во моментов се наоѓа во Шведска каде се опоравува од повредата, а вчера се појави на стадионот на Хамерби како би го следел натпреварот на клубот во кој е ко-сопственик, против Остерсунд.

Но, по мечот се најде во центарот на „корона-скандал“. Веднаш по последниот свиреж се упати во соблекувалните да им честита на своите фудбалер на победата до 2-0. Но, ги прекршил правилата согласно мерките за заштита од коронавирусот по што реагирала и локалната полиција.

Истрага околу сето тоа повел и Шведскиот фудбалски сојуз кој покренал истрага против Ибрахимовиќ. Покрај кривична пријава од полицијата за непридржување до пропишани мерки, Златан може да заработи казна и од Шведскиот фудбалски сојуз.

„Не би смеел да излегувам со детали затоа што истрагата е во тек“ – изјави генералниот секретар на сојузот, Матс Енквист.

Се вчитува...