Златан Ибрахимовиќ кратко време мируваше по завршувањето на играчката кариера, по што легендарниот голгетер ја прифати понудата да стане директор на Милан.
Швеѓанецот добро се снаоѓа во новиот ангажман, договарајќи трансфери на италијанскиот фудбалски гигант, но во последното интервју дадено за CBS Mornings во САД изјави дека е изненаден од тежината на новата работа.
„Слободно можам да кажам дека е полесно да се игра фудбал од она што го правам денеска… Се уште учам, скромен сум, овде дефинитивно е сосема поразлично од сето она што го имам правено досега во животот, но добро е што имам прекрасни луѓе околу себе кои ми помагаат. Многумина ме прашуваат дали глумам? Никогаш, јас секогаш сум тој што го гледате, полн сум со самодоверба, но не глумам и не лажам. Секогаш треба да веруваш во себе, да покажеш дека си достоен за она што го правиш, на теренот или надвор од него“, порача Златан Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА