Ибрахимовиќ: Последен пат плачев кога…

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со една негова интересна изјава.

Тој говореше голем број анегдоти од својот живот, а кажа и кога последен пат плачел.

„Последен пат кога плачев беше кога не го земав мојата плата од Малме. Им пишав на раководството на шведската лига и барав од нив да им се одземат сите бодови на Малме кои ги освои благодарение на моите голови. Тие ми рекоа дека парите ќе бидат исплатени на моите родители бидејќи сум премногу млад, на што им возвратив дека сум млад да бидам и најдобар стрелец во Шведска и да им ја донесам на Малме титулата. Следниот ден парите ми беа префрлени на сметка“, изјави Ибрахимовиќ. 

Се вчитува...