Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ, во октомври ќе наполни 42 години, но и натаму не планира да се октаже од фудбалот. Еден од најдобрите шведски фудбалери во историјата на земјата ќе продолжи да игра и следната сезона, и покрај тоа што пропушти голем дел од актуелната поради повреди.
Како што стојат работите, тој ги одбројува последните денови како член на Милан, и сега се фокусира кон следниот предизвик. Но, ќе остане во Италија.
„Тутомеркато“ тврди дека Ибрахимовиќ веќе постигнал усмен договор со Монца, и ќе го носи дресот на овој тим идната сезона. На чело на овој клуб се наоѓаат Берлускони и Галијани, кои го познаваат Ибра од времето кога првиотпат го носеше дресот на „росонерите“.
Монца веќе обезбеди опстанок, а доколку биде здрав, тогаш Ибрахимовиќ би можел повторно да биде дел од Серија „А“ следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА