Златан Ибрахимовиќ ги потврди и официјално информациите дека се враќа во Милан, но нема тоа да биде во улога на тренер како што првично објавија италијанските медиуми.
Ибрахимовиќ ќе има еден вид нефудбалска улога во Милан, како еден вид советник на сопственикот Гери Кардинале.
Планот е 41-годишниот Ибра да биде десна рака на Кардинале и неговата инвестициска компанија „РедБирд“, кој планира да ја прошири својата инвестиција и во областа на спортот, но со главен фокус на Милан.
„Мојата љубов кон Милан никогаш нема да исчезне. Враќањето во клубот беше мој сон и тоа сега се остварува. Ќе му помогам на Милан во различни области“ – истакна Ибрахимовиќ.
Ibra : « Je suis heureux de m’unir à RedBird et à Milan. Mon amour pour ce club n’aura pas de fin. » pic.twitter.com/4XsVafq3Mk
— AC Milan – FR (@AC_MilanFR) December 11, 2023
„РедБирд“ е партнер на многу врвни спортисти и тимови, и исклучително влијателен бренд во светот.
„Тоа што го прави Златан шампион не е само физичкиот талент, туку и високиот интелект и претприемачки дух. Во РедБирд развивме партнерство со одбрана група на врвни спортисти и уметници кои се способни да напредуваат“ – вели Кардинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА