Ибрахимовиќ потврди: Зиркзе е минато за Милан

Џошуа Зиркзе ова лето нема да реализира трансфер во редовите на Милан, потврди спортскиот директор Златан Ибрахимовиќ. Холанѓанецот беше голема трансфер цел на „росонерите“, но поизвесно е дека во иднина тој ќе настапува за Манчестер Јунајтед.

Говорејќи за медиумите Ибрахимовиќ откри дека Зиркзе е минато за Милан и дека клубот има нова трансфер цел чие име сепак не го откри.

„Разгледуваме неколку опции, но не се брзаме. Трансфер периодот трае со месеци и можам да ветам дека ќе донесеме нови играчи. Се водат разговори, но не сме реализирале ниту еден трансфер. Можам да потврдам дека Зиркзе е минато. Имаме друг играч на ум, но нема да ви откривам името“, изјави Ибрахимовиќ.

Се вчитува...