Ибрахимовиќ пред заминување од Милан, откри и кој клуб го бара

Златан Ибрахимовиќ и на 41 година не размислува за пензија. Договорот на легендарниот голгетер со Милан истакува на крајот на месецот, а доколку не дојде понуда за продолжување на соработката со „росонерите“ големи се шансите да остане во Италија каде откри дека постои интерес од еден клуб.

Во интервју за „Газета дело спорт“ вели дека од раководството на Монца чиј претседател е Силвио Берлускони веќе го информирале дека за него има договор.

„Од Монца ми кажаа дека имаат подготвено договор за мене, но јас се уште сум фудбалер на Милан и се гордеам со тоа“, вели Ибрахимовиќ кој во интервјуто говореше и за изминатата сезона.

„Оваа година се боревме за четири трофеи, а на крајот не успеавме да освоиме ниту еден. Тоа не е неуспех, но не го остваривме тоа што го посакувавме. Работиш 11 месеци за да оствариш нешто посебно, учиш и растеш, но на крајот сакаш награда. А, наградата не е платата, туку трофеите“.

Се вчитува...