Ибрахимовиќ сака да се проба во Холивуд

Златан Ибрахимовиќ има плодна кариера во која освојуваше титули во четири различни држави, Шпанија, Италија, Франција и во Холандија. Тој сега е дел од МСЛ лигата, со ЛА Галакси ќе ја почне новата сезона, а 37-годишниот Швеѓанец размислува и за пензионирањето.

На прашањето со што би сакал да се занимава кога ќе се повлече од активниот фудбал, Ибрахмовиќ вели дека би пробал кариера во филмската индустрија.

„Многу сум љубпитен за тоа како функционира тој дел од светот. На вистинското место сум па ќе видиме што ќе се случува. Би сакал да бидам акциски херој, да скокам од згради и слични луди работи “ – изјави Златан во телевизиско интервју.

 

Се вчитува...