Во првиот натпревар од квалификациите за Светско првенство 2022 година, Шведска ја совлада Грузија со минимални 1-0. Натпреварот го одбележа враќањето на Златан Ибрахимовиќ во националниот дрес по пет години, а 39-годишникот беше еден од заслужните за победата на Скандинавците откако во 35. минута асистираше до Клаесон за единтвениот погодок на мечот.
За голгетерот ова беше 117 натпревар за Шведска, а притоа постана и најстариот репрезентативец во историајта на оваа држава. По натпреварот Ибрахимовиќ не го криеше задоволството од одиграното и вели дека се осеќал како дебитант.
„Добро беше, со полн адреналин. Се осеќав како дебитант, како ова да ми е првиот меѓународен натпревар. Мислам дека можев многу подобро, но победивме, а тоа е најважно“, истакна Шваѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА