Ибрахимовиќ: Се гледаме наскоро во Италија

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ истакна дека ќе се приклучи во клуб кој „сака да победува“. На Ибрахимовиќ му истекува договорот со ЛА Галакси, а веќе извесно време се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата.

„Ќе се приклучам на клуб кој сака повторно да победува, да ја обнови историјата и кој сака да се бори против секого. Единствено така ќе пронајдам поголема мотивација. Сакам кога сум тој што ја прави разликата“, изјави Ибрахимовиќ. 

Ибрахимовиќ се поврзува со екипите на Милан, Болоња и Наполи, а најголем фаворит за негов потпис е клубот од „Сан Сиро“ за кого играше од 2010 до 2012 година.

Се вчитува...