Ибрахимовиќ се најде на списокот на Шведска во одлучувачкиот меч со Шпанија

После неколкмесечна пауза, Златан Ибрахимовиќ се врати во селекцијата на Шведска. Тој беше ставен на списокот на својата репрезентација за двата одлучувачки натпревари за пласман на Мундијалот во Катар.

Шведска игра со Грузија и одлучувачкиот натпревар со Шпанија на 14 ноември. Швеѓаните имаат обезбедено место во баражот, но имаат два бода повеќе од „црвената фурија“ во пол позиција за директен пласман на Светското првенство. Така во Шпанија ќе ги чека жешка атмосфера, а доколку победат со Грузија, потоа ќе им биде доволен и бод со Шпанија.

Ибра за Шведска има 118 настапи, од кои последен кон крајот на мај оваа година против Косово. Пред тоа пет години не играше за Шведска, откако се реши во 2016 да стави крај на репрезентативната кариера, но сега повторно се врати.

Се вчитува...