Баерн Минхен ќе му го испрати на позајмица играчот Аријон Ибрахимовиќ на Лацио до крајот на сезоната. Римскиот клуб ќе ја преземе целата плата на крилниот фудбалер на „Баварците“.
Меѓутоа, ова можеби нема да биде само епизодна улога на Германецот, туку би можел да остане во Рим и по завршувањето на сезоната, со оглед дека ќе има клаузула за можен откуп која изнесува околу 8 милиони евра.
Ако Лацио по крајот на сезоната или порано одлучи да го потпише со перманентен договор, 19-годишниот фудбалер ќе се обврзе да остане во „синиот“ дел на Рим и во следните три години, односно до јуни 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА