Златан Ибрахимовиќ може својата кариера да ја продолжи во Италија. Гласините за неговото враќање на Апенинскиот Полуостров деновиве крена „голема прашина“ во Италија.Фудбалерот на Манчестер јунајтед пред извесно време призна дека е „заљубен во Неапол“, што предизвика медиумски шпекулации дека шведскиот репрезентативец би можел да се пресели на „Сан Паоло“ на крајот на сезонава.Таа можност не ја исклучи ни Ибрахимовиќ во интервјуто за италијанскиот „Фокс спорт“.„Наполи? Никогаш не се знае…“ – вели Ибрахимовиќ во најавната шпица за интервјуто.„Среќен сум во Манчестер, но да почекаме и да видиме што ќе биде. Потпишав договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една. Немам уште многу сезони пред себе и сакам да се забавувам и да уживам, па ќе видиме што ќе преовладее за конечната одлука“ – додава 35-годишниот фудбалер.Во својата досегашна кариера, Ибрахимовиќ играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и за ПСЖ, пред да се пресели на „Олд Трафорд“ минатата година.Сезонава тој има постигнато 15 гола за Манчестер јунајтед и е прв стрелец на „црвените ѓаволи“ и петти стрелец во Премиер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА