Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе остане во Манчестер јунајтед многу подолго, не само како играч, туку и во тренерска улога. Англиските медиуми објавија дека Жозе Мурињо го сака Ибрахимовиќ во својот стручен штаб и дека тоа ќе биде дел од понудата за новиот договор со шведскиот репрезентативец.
Ибрахимовиќ паузира поради повреда и се очекува да се врати на терен во јануари. Според најавите од Англија враќањето најверојатно ќе биде повторно во дресот на Манчестер јунајтед. Мурињо сака да го задржи покрај себе играчот кој има клучно влијание во тимот. Извори од клубот за „Индипендент“ велат дека Мурињо во Ибрахимовиќ гледа слична фигура како Дидие Дрогба кој би бил идеална врска меѓу играчите и менаџментот на клубот. Менаџерот ан Манчестер јунајтед минатата недела потврди дека веќе почнале преговори со Ибрахимовиќ за нов договор.
„Разговараме за можноста тој да остане со нас. Беше многу јасно дека тоа што го направи минатата сезона не беше доволно за него. Тој сака повеќе фудбал на највисоко ниво, така што веќе разговараме за можноста тој да остане и да заигра во вториот дел од сезоната. Тој е повреден и му треба време прво да се опорави. Не брзаме никаде, не е ништо итно“ – изјави Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА