Легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, неодамна стана дел од стручниот штаб на Милан. Објавено е како поранешниот голгетер ќе биде дел од стручниот штаб на Стефано Пиоли и ќе му биде советник.
Сепак, постои еден проблем кога ќе се играат натпреварите. Согласно правилата, Ибрахимовиќ за време на натпреварите нема да може да влегува во соблекувалната на „росонерите“.
ФС Италија има правила во кое на сите членови на стручниот штаб им се дозволува присуство во официјалните простории, но Ибрахимовиќ не го исполнува условот.
Можно е Швеѓанецот да го исполни условот, доколку стане дел од организицискиот одбор на клубот, и тогаш Златан ќе ја прескокне таа пречка и во иднина ќе биде со играчите во соблекувалната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА