„Ибрахимовиќ седеше на другата страна од светот и зборуваше глупости“

Поранешниот селектор на шведската фудбалска репрезентација Јане Андерсон, одлучи да објави книга со наслов „Тоа беше тогаш“ („Det var da“) во која, меѓу другото, зборуваше за својот прилично незгоден однос со првата ѕвезда на тимот, Златан Ибрахимовиќ.

Во книгата, меѓу другото, се пишува за периодот во кој Андерсон бил селектор од 2016 до декември 2023 година. Се вели дека имало моменти кога сакал едноставно да го изостави од списокот.

„Си играше со медиумите, што не уништуваше, нешто што е смешно станува важно. Седи на другата страна на светот и зборува глупости. Никој не рече дека треба да го исфрлиме од составот. Имаше граници до кои одевме, некогаш до нив опасно се доближивме“, напиша Андерсон.

Потоа опиша што најмногу го нервирало кај Златан.

„Дискусија за Златан се отвораше како се наближуваше Европското првенство. Не можев повеќе да читам за него. Му реков само дека сакам да престане да игра. Но, сметам дека е фантастично што со 39 години игра на таквко ниво. Беше феномен. Но, секогаш да се зборува дали ќе игра во репрезентацијата или не, тоа навистина станува заморувачки. Неговата игранка со медиумите беше непотребна, но знаев дека тоа нема никогаш да се заврши“, стои во книгата на Андерсон.

Се вчитува...