Ибрахимовиќ со порака до Модриќ по дебито за Милан

Лука Модриќ го имаше своето официјално деби за Милан во Купот на Италија против Бари, започнувајќи ново поглавје во својата кариера по 13 сезони и 28 трофеи во Реал. Неговото доаѓање на стадионот Сан Сиро го следеа 70.000 навивачи, но Златан Ибрахимовиќ, денеска десна рака на сопствениците на Милан, не беше меѓу присутните.

Сепак, се покажа дека легендарниот Швеѓанец е на одмор со својата долгогодишна партнерка Хелена Сегер, и поради тоа не можеше да присуствува на дебито на Хрватот, како и на неговото официјално претставување во Милано, што изненади многумина.

Сепак, се чини дека Ибрахимовиќ сепак го следеше дебито „од далечина“. Според италијанските медиуми, легендарниот напаѓач му се јавил на Модриќ по дебито и му честитал за одличниот настап, посочувајќи му дека треба да биде порешителен кога ќе се најде во поволна ситуација пред противничкиот гол, односно дека треба да шутира почесто и да не мисли секогаш само на своите соиграчи.

Се вчитува...