Ибрахимовиќ со реклама си ја затвори врата за настап на СП?

Златан Ибрахимовиќ по заминувањето во Лос Анџелес уште еднаш покажа за каков врвен фудбалер станува збор, постигнувајќи два гола во своето деби во МЛС лигата. А тоа ги засили и гласините за неговото враќање во репрезентацијата на Шведска за претстојниот настап на СП во Русија. Ибрахимовиќ ја заврши репрезентативната кариера уште во 2016 година, но неодамна најави дека би можел повторно да заигра за националниот тим на Мундијалот во Русија.

„Секој ден ми се јавуваат од Шведска и ме прашуваат како се чувсвувам, што сакам, за што размислувам? Но, одам чекор по чекор. Ако се чувствувам добро и ако чувствувам способен да го направа, тоа што можам, вратата секогаш ќе биде отворена“ – изјави неодамна шведскиот напаѓач.

Тој во свој стил нагласи и дека ако посака да игра на СП, тогаш тоа и ќе го стори. Шведскиот селектор, Јане Андерсон, пак има поинакво мислење. Тој изјави дека се многу мали шансите да го врати Ибрахимовиќ повторно во репрезентацијата  и дека сака да ја сочува хемијата што е створена во тимот во текот на квалификациите за СП.

Но, изгледа дека Ибрахимовиќ и сам си ја затвори вратата за СП со снимањето на рекламата за обложувалница. На играчите им е забрането снимањето реклами за фирми што се занимаваат со обложување, а Швеѓанецот неодмана сними реклама за една обложувалница и тоа на својот мајчин јазик.

Во текот на целата кариера обложувалните ме опседнуваа да ги промовирам и се досега јас ги одбивав. Ова е нешто поинакво, ова е обложувалница која ја основаа луѓе од мојот роден град и сакам да им помогнам – изјави Ибрахимовиќ и со тоа ја заврши приказната за враќањето во шведскиот национален тим.

Се вчитува...