Манчестер јунајтед не успеа да го победи Бурнемаут на домашен терен (1-1), Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ не реализира пенал во второто полувреме, но се чини и дека доби попуст од судијата Кевин Френд кога со лакот го удри во глава противничкиот фудбалер Тајрон Мингс. Сепак, Ибракадабра има свое објаснување за ситуацијата.
„Што се случува на теренот, останува на теренот. Јас не сум фудбалер што се одмаздува, ако претходно биде удрен. Одев на топката, а тој несреќно скокна и се удри во мојот лакот. Се надевам дека не е повреден. А, не знам за претходното газење, ако велите дека беше тој, тогаш е така“, изјави Ибрахимовиќ.
Претходно, Тајрон Мингс го нагази Швеѓанецот со копачка по главата, додека овој беше паднат долу на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА