Златан Ибрахимовиќ откако се пресели во ЛА Галакси постојано ја забавува американската јавност со своите изјави. Шведскиот фудбалер одново беше во свој елемент во шоуто на Дан Патрик и откри како тој би го подобрил развојот на фудбалот во САД.
„Да не сум оженет, ќе го ширев своето семе по САД и така ќе помопгнев за развој на фудбалот во Америка. Сопругата ме праша дали се шегувам, но јас и реков дека сум сериозен. Но, сеедно, ништо од банката за сперма на Златан, единствено мојата сопруга ги прима моите „инвестиции“. Имам двајца синови дома и тие ми се доволни, ги одгледувам како нинџи“ – направи шоу во шоуто, Златан Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА