Ибрахимовиќ во свој стил му одговори на Бобан: „Кога мачките ги нема, глувците играат оро“

Во интервју за Газета, некогашниот играч на Милан и потоа функционер во клубот, Звонимир Бобан, го нападна и Златан Ибрахимовиќ. Тој кажа дека не му е јасно која е улогата на Ибра во таборот на „росонерите“.

Токму Бобан го врати Ибрахимовиќ во Милан, а Швеѓанецот во минатата сезона стана советник.

„Златан е генијалец, благодарен сум што се врати во Милан, и ја смени поновата историја на клубот. Но, не ми е јасно што работи сега. Која е неговата одговорност, и како може да се оцени неговата работа“, изјави Бобан.

Легендарниот Ибрахимовиќ му одговори пред почетокот на мечот со Ливерпул синоќа.

„Кога мачката ја нема, глувците играат оро. Тоа што го кажа е под појас, но јас се концентрирам на работа, а Бобан тоа не го разбира. Бев отсутен неколку дена од лични причини, но тука сум од првиот ден. Јас сум одговорен и командувам, а другите работат за мене“, рече Ибрахимовиќ.

Се вчитува...