ПСЖ стори се што можеше за да го задржи Килијан Мбапе во своите редови, но ерата во која младиот Французин има и одлучувачки збор во тимот не започна најдобро. Малку требаше за работите да зовријат па по само неколку месеци се споменуваше заминување веќе во јануари.
Ситуацијата во која се најдоа „светците“ сега ја коментираше Златан Ибрахимовиќ кој вели дека никогаш играч не смее да биде поголем од клубот, а имаше што да каже и за сите околку 23-годишникот.
„Не го познавам, но тој е фантастичен играч. Но, кога ќе ја загубиш дисциплината го губиш и идентитетот. Мбапе сака да биде како Зидан? Тогаш мора да напредува, а не да биде задоволен со тоа што го има. Негова беше одлуката да остане во ПСЖ, таа беше добра за клубот, но не и за него. Се доведе во позиција да биде поважен од клубот, а истиот тоа го дозволи. Никогаш нема да бидеш поголем од клуб. На дете му дадоа голема моќ и пари. Не е ни сам крив, тука се сега и родителите, советниците… Тие сакааат да бидат ѕвезди. Говорат за медиуми и што се не. Ајде замолчете, не сте вие важни. Важен е вашиот син“, вели Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА