Големо е разочарувањето во таборот на Струга ТЛ по денешниот пораз на домашен терен од Жалгирис од 1-2, исход што значеше и елиминација на македонскиот првак од квалификациите за Лигата на Шампионите.
Бесарт Ибраими најпрвин промаши стопроцентна шанса во вториот дел, потоа од пенал го донесе својот тим во водство, но и тоа беше недоволно за триумф откако падот на концентрацијата во одбраната беше безмилосно казнет со два брзи гола на гостите од Литванија.
„Мислам дека доминиравме на двете средби, имавме многу шанси, но среќата не беше на наша страна. Постигнав гол во многу добар момент, но оние 2-3 минути немавме среќа. Ако издржевме и не примевме гол тренерот ќе реагираше и верувам дека ќе го завршевме мечот со триумф. Разочарани сме, но ова е дел од фудбалот, мораме да останеме со кренати глави во пресрет на наредните европски натпревари“, изјави Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА