Тој со првиот гол на дуелот со Шкупи го урна досегашниот рекорд на Баже Илијоски, а Ибраими не го крие задоволството што сега тој се наоѓа на врвот на вечната листа на стрелци во елитното македонско фудбалско друштво.
„Секако дека е големо задоволството да се стигне до овој рекорд. Горд сум, но исто така и би сакал да се заблагодарам на сите оние кои ми помогнаа да стигнам до оваа бројка. Благодарност до соиграчите, тренерите и сите во клубот, како и до „Балистите“, без чија поддршка овој рекорд ќе беше недостижен. Исто така, големо благодарам до моето семејство, за поддршката што отсекогаш ја добивав да напредувам во кариерата“ – изјави Бесарт Ибраими.
Тој досега има постигнато 114 погодоци во дресот на Шкендија (85 во Првата лига, 15 во Купот на Македонија и 14 во европските купови).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

