Ибраими ја спаси Шкендија од пораз

Шкендија ремизираше 3-3 на пријателскиот натпревар што македонскиот првак денеска го одигра против данскиот клуб Рандерс Фреја.

Тренерот Ѓока повторно пробуваше различни тактички варијанти, а играта на тетовци не беше на задоволително ниво. Впрочем, „црвено-црните“ бркаа резултат речиси цел натпревар, најпрвин губеа со 0-1, потоа со 1-2 и 1-3, но на крајот сепак се спасија од пораз. Бесарт Ибраими биеше прецизно од непосредна близина за 2-3, пред Агим Ибраими со еврогол од слободен удар да ги постави конечните 3-3.

Тетовци работеа напорно за време на овие подготовки, но за надополнување на негативата во однос на Вардар ќе мора да играат многу подобро, за да не им се повтори серијата слаби резултати во првиот дел од сезоната.

Се вчитува...