Ибраими по двата гола и пресврт триумфот над Пелистер: „Посебно чувство ме облева кога носам победи за својот тим“

Бесарт Ибраими, без сомнение, и тоа како освојува со својот квалитет во Првата македонска фудбалска лига.

Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска лига, со два погодоци, беше херојот во и тоа како важната победа на Шкендија против Пелистер од 2-1, извојувана со пресврт по почетното водство на гостите.

„Секако дека сум среќен за двата гола на денешниот натпревар, добивме три многу вредни бода за нас. Но, посреќен сум што дојдовме до посакуваната победа и трите бода. За Рамазан, Бог е секогаш со нас и верувам дека за време на постот се справуваме многу подобро“, изјави напаѓачот Бесарт Ибраими по натпреварот, кој благодари на поддршката од навивачите дури и кога работите не одат добро.

„Како што секогаш велев, навивачите се нашиот 12-ти играч. Им благодарам многу за поддршката што ми ја дадоа денес, се надевам дека ќе нè поддржат на ист начин и на следните натпревари, бидејќи сега многу ни требаат. Мора да бидеме обединети и на крајот, со Божја помош, сите заедно ќе успееме“, додаде Ибраими.

Капитенот долго време не постигнал гол во првенството, а вели дека мала „искра“ е доволна за да се види врската што клубот ја има со навивачите.

„Да бидам искрен, денес бев многу емотивен кога го постигнав голот и веднаш се сетив на тоа чувство кога постигнуваш гол и славиш со навивачите кога гледаш дека го сакаат клубот без никаков интерес и тоа ме исполнува и ме прави среќен кога сите славиме заедно“, заклучи Бесарт Ибраими, во изјава за официјалната интернет-страница на клубот.

Се вчитува...