Ибраими: Шкендија е во добра ситуација, подготвени сме да одиме чекор понатаму

Првакот Шкендија пред мечот со Карабах кој се игра утре во Скопје, ги искажа своите очекувања од натпреварот со шампионот на Азербејџан.

Капитенот на тетовските „црвено-црни“ Бесарт Ибраими, на официјалната прес-конференција денеска истакна дека тимот е во добра ситуација и дека верува во уште еден успех во Лигата на шампионите.

„Очекувам да го дадеме максимумот како против ТНС и против ФЦСБ. Веруваме во себе, и зошто да не да го победиме и Карабах. Во добра ситуација сме да направиме нова историја за клубот. Притисикот беше на првиот меч против ТНС. Сега е полесно. Знаеме дека притисокот е на страната на Карабах. Затоа што во фудбалот не победува секогаш фаворитот, се случувало да победи и на хартија аутсајдерот, па зошто да не биде тоа така и сега“, рече Ибраими.

Напаѓачот посакува да постигне гол против Карабах.

„Ќе направам се и на утрешниот меч да дадам гол, но најважно е Шкендија да ја исполни својата цел. Тоа е за мене најважно, а кој ќе постигне гол, тоа не е важно“, додаде Ибраими.

Се вчитува...