Ибраими: Шкендија веќе го оствари сонот, но сакаме да продолжиме уште во Европа!

Шкендија за првпат во својата и во историјата на македонскиот фудбал носи европска пролет во Македонија. Македонскиот шампион утре од 21 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје го очекува првиот натпревар од плеј-офот во Конференциската лига на УЕФА.

Тетовци ги очекува пресметката против турски Самсунспор во желбата низ двомечот да се стигне до осминафиналето во Конференциската лига.

Капитенот Бесарт Ибраими вели дека одлична атмосфера владее во тимот, и иако сите се свесни за квалитетот на противникот

„Сонот ни се исполни, но сега сакаме уште и да се обидеме да одиме понатаму во Европа. Атмосферата во тимот е многу добра. Одиме на победа и тука и на реваншот. Зошто да не? Знаеме за силата на противникот, знаеме дека е фаворит, но покажавме дека дома играме добро и се надевам на добра игра и резултат“ – истакна Ибраими на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар со Самсунспор.

 

Се вчитува...