Агим Ибраими го запиша и десетиот гол сезонава во дресот на албанскиот прволигаш Кукс, во триумфот од 0-2 на гостувањето против Тирана.
Ибраими со гол од пенал во 17. минута го отвори резултатот, а конечните 0-2 ги постави Лимај во 93. минута. Целиот натпревар во дресот на Тирана го одиграа поранешните „вардарци“, Кристијан Тошевски и Филип Најдовски.
Во листата на стрелците во албанското првенство се запиша и Ферхан Хасани кој погоди во победата од 0-3 на Партизани на гостувањето против Кастриоти. Вториот гол за Партизани го постигна уште еден поранешен фудбалер на Шкендија, Бразилецот Стенио Жуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

