Денеска Струга Трим Лум го промовираше Бесарт Ибраими за свој нов член. 35-годишниот Ибраими доаѓа од Ксанти каде што настапуваше досега, и се враќа во мак-фудбалот. Тој е во моментов најдобар стрелец во ПМФЛ, а со трансферот во Струга само може да ја зголеми бројката на постигнати голови.
Ибраими е задоволен од трансферот во Струга, и вели дека ќе даде се од себе да ја оправда довербата.
„Се одлучив за Струга ТЛ, кој е сериозен клуб и кој од ден на ден расте како еден од водечките клубови во домашниот фудбал. Благодарност до сите во клубот за укажаната доверба, а јас можам да Ветам дека ќе давам максимум на секој натпревар, а на публиката да ветам дека ќе ги исполниме целите да изелеле во Европа, што е цел и на самиот клуб“, изјави Ибраими по промоцијата.
Во минатото Ибраими играше во Шкендија, Ренова, Напредок, а низ интернационалната кариера беше во Ксанти, Шалке, Мариупол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

