Шкендија има предност од 1-0 против Работнички по првото полувреме во 2. коло од ПМФЛ, во кое по првите 45 минути најубедливи предности од 2-0 имаат Силекс против АП Брера и Гостивар против Шкупи. И Тиквеш води со 1-0 на полувремето против Воска Спорт во Кавадарци.
На дуелот во Тетово домашните дојдоа до предност благодарение на траги-комичниот автогол на гостинскиот дефанзивец Аломеровиќ.
Силекс по само 20 минути дојде до 2-0 против АП Брера во Кратово. Одлична игра на домашните кои го изненадија фаворизираниот противник. Уште во 7. минута Дарко Додев со глава одлично погоди за водство на Силекс од 1-0.
А, веќе во 20. минута и Марко Ѓорѓиевски од непосредна близина со глава погоди за 2-0.
Гостивар води, исто така, со 2-0 против Шкупи на натпреварот кој се игра во Штип.
Но, гостиварци до предноста дојдоа со два гола за само четири минути и тоа благодарение на капитенот Алпер Потук. Најпрво Потук стрелаше од пенал во 36. минута по оправдано досудениот удар од белата точка.
А, потоа по неверојатен дегажман на домашниот голман, Потук одлично се снаје во 40. минута и погоди за 2-0.
Тиквеш, пак, води на полувремето со 1-0 против Воска Спорт благодарание на голот на Едис Спахиу во 37. минута од средбата.
ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (прво полувреме)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 1-0
Спахиу 37′
Штип: ГОСТИВАР – ШКУПИ 2-0
Алпер Потук 36′(п), 40′
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 2-0
Додев 7′, Ѓорѓиевски 20′
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0
Аломеровиќ 26′(аг)
Струга: СТРУГА ТЛ – БЕСА 0-0
ДЕНЕСКА, 20 Ч.
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА