Ибраими во одлична гол-форма: Нов гол, најдобар стрелец во Албанија

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими игра во одлична гол-форма сезонава во шампионатот на Албанија.

Во 16. коло, Кукс славеше со 2-1 против Билиш Балш, а Ибраими беше стрелец на првиот гол за Кукс во 40. минута.

Ова е осми погодок сезонава за Ибраими издвојувајќи се на врвот од листата на најдобрите стрелци во најсилното првенство во Албанија.

Се вчитува...