Идеален старт на сезоната за Пандев во Серија А: Против „својот“ Интер за нов лет со Џенова!

Горан Пандев на најдобар можен начин ќе ја стартува новата сезона во Серија А, откако го продолжи договорот со Џенова за уште една година.

Пандев со Џенова денеска од 18 часот во првиот натпревар од новата сезона во Серија А гостува на „својот“ Интер. Повеќе од доволен предизвик за најдобриот македонски фудбалер за новиот едногодишен пат пред крајот на својата кариера.

Во Серија А сезонава Македонија ќе има уште двајца свои партиципиенти, Илија Несторовски со Удинезе и Елиф Елмас со Наполи.

Согласно најавите, Елмас и дефинитивно ќе има поголема минутажа со далеку познајачајна улога во составот на Лучијано Спалети, додека останува на времето да се види колку Несторовски ќе може да се врати во првиот тим на Удинезе по долгата пауза поради повредата.

Погледите сезонава ќе бидат насочени и кон Рома, пред се поради ангажманот на Жозе Мурињо на клупата на „волчицата“. Нов тренер има и Лацио – Маурицио Сари, Масимо Алегри се врати на кормилото на Јувентус, а Симоне Инзаги ќе го предводи Интер кој ова лето остана без Лукаку и Хакими.

Се вчитува...