Идеалните 11 во Лигата на шампионите: Без ниту еден фудбалер од Интер!?

Пари Сен Жермен ја освои историската титула во револуционерен нов формат на Лигата на шампионите со 36 тима учесници.

„Светците“ ја освоија титулата со импресивна победа од 5-0 над Интер во финалето во Минхен, и покрај тоа што беа на работ на елиминација од натпреварувањето на крајот на јануари. Сепак, Луис Енрике изгради вистинска машинерија во 2025 година, па затоа не е изненадувачки што има дури пет играчи од новиот шампион во идеалниот тим на сезоната.

Но, зачудувачки или не, во идеалните 11 од Лигата на шампионите сезонава нема играч на финалистот Интер!

Кое беше најсилното оружје на парижаните покажува фактот дека од споменатите пет члена на идеалните 11, има дури три дефанзивци – Мендеш, Маркињос и Хакими. Тука е и средниот играч Витиња, а најдобриот играч на сезоната во изборот на УЕФА е Дембеле.

Остатокот од најдобриот тим го сочинуваат голманот на Реал Мадрид, Куртоа, стоперот на Борусија Дортмунд, Шлотербек, и по двајца играчи од Баерн и Барселона.

Од Баварија тоа се играчот од средниот ред Кимих и напаѓачот Кејн, а од Каталонија се Јамал ​​и Рафиња, кој е најдобро оценет играч на сезоната според Софаскор.

Се вчитува...