Идеално за Арсенал: Пораз на Астон Вила, Евертон го освои Бирмингем (ВИДЕО)

Евертон ја шокираше Астон Вила и ја оддалечи од битката за титулата, оставајќи ја со 43 бодови. Со овој пораз Арсенал се зацврсти на чело на табелата со +7 поени од Сити и Астон Вила.

Дека Евертон е дојден во Бирмингем по добар резултат покажа уште на почетокот кога Рол ја погоди стативата. Врати Гуесан кој со глава се закани, топката отиде само над голот.

Астон Вила се закани прва и во вториот дел преку Роџерс кој шутираше со глава, но над пречката. Во 59. минута моментот на одлуката Бери прими топка во шеснаесетникот и со лоб удар го совлада Мартинез. 

До крајот Астон Вила немаше сила да израмни, па резултатот остана непроменет.

Се вчитува...