Англискиот премиерлигаш Лестер синоќа и официјално ја потврди трагичната вест за смртта на претседателот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха. Тој и уште четири лица, од кои двајца пилоти, загинаа по уривањето на хеликоптерот во близина на стадионот „Кинг Пауер“, веднаш по завршувањето на натпреварот меѓу Лестер и Вест хем (1-1) од Премиер – лигата.
Англиската полиција, притоа, ги соопшти и имињата на сите пет настрадани во несреќата која го потресе Островот и Европа. Покрај претседателот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха, меѓу загинатите се и двајца негови блиски соработници Нурсара Сукнамаи, која била еден вид десна рака на Шривадханапрабха, и Кавепорн Пунпаре, како и пилотите Ерик Свафер од Англија и Изабела Розе Лехович од Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА