„Медицинарите и полицијата се нашите херои“, тоа е пораката која денеска ја пренесе македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе, преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“. Тој на посебен начин, со трка на празните улици на релација Ново Лисиче – Аеродром – Центар – Карпош им оддаде признание и им даде поддршка на медицинските лица, полицијата, како и на армијата, кои се на првата борбена линија во справувањето со коронавирусот. Им даде подароци на министрите Венко Филипче и Наќе Чулев.
„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се нашите херои во овој период, со својот придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка“, изјави Иџе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА