Македонскиот возач Игор Стефановски – Иџе имаше релативно успешен настап на Хунгароринг, на денешните трки во ЕТЦЦ шампионатот. Иџе првата трка ја заврши на четвртата позиција, додека во втората беше послабопласиран и на крајот мина низ целта на осмата позиција. По денешните настапи, сега Игор Стефановски има вкупно 15 бода, откако освои четири во првата и еден бод во втората трка.
Унгарецот Норберт Наѓ победи на првата трка, додека Швајцарецот Кристјохансон Шрајбер е победник на втората трка на Хунгароринг.
Наредното искушение за Игор Стефановски Иџе ќе биде Нирбургринг, а трките се веќе следниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА