Македонскиот автомобилски шампион на меѓународните трки, Игор Стефановски Иџе, викендов ќе вози на ТЦР шампионатот на Италија. Од Имола, тој оптимистички најавува дека е подготвен да одговори на најновиот предизвик, иако е единствениот странец на оваа трка.
„Време е за нова трка“– оптимистички најавува Иџе од Имола.
Иџе ќе се натпреварува на познатата стаза Автодром Енцо и Дино Ферари, чиј шарм имал прилика да го вкуси и претходно. По настапот во Хрватска, направени се одредени корекции и поправки на возилото, па доколку се’ биде во ред, тимот на Стефановски очекува борба за врвен пласман.
Интересно за оваа трка е фактот што Стефановски е единствениот странец помеѓу натпреварувачите. Иџе ќе се натпреварува заедно со 24 автомобилисти од Италија. Поради рестрикциите и одложувањето на паневропските и светките настани, сите најквалитетни пилоти од Италија, учествуваат на оваа трка и имаат големи очекувања.
Италијанските медиуми бомбастично го најавија враќањето на Иџе на патеката. Според нив, тој е кандидат за врвен пласман. Викендов ќе се возат две трки. Првата се вози во сабота 29.08.2020 од 14:45, а втората е веќе следниот ден во недела од 11:35.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА