Македонските автомобилисти Игор Стефановски – Иџе и Виктор Давидовски повторно се дел од ТЦР-шампионатот, откако денеска се појавија на трката што се вози на патеката „Хунгароринг“ крај Будимпешта.
Првата трка заврши со триумф на Душан Борковиќ од Србија, а двајцата Македонци ја завршија со пласман еден крај друг. Стефановски стартуваше од 17. место, имаше напредок од четири позиции и на крај се најде на 13. позиција. Давидовски возеше одлично, минувајќи девет ривали, но поради слабата стартна позиција (23. место) на крајот мораше да се задоволи само со 14. место.
Втората трка од ТЦР-шампионатот на „Хунгароринг“ на програмата е утре со почеток во 11.50 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА