На Водно изминатиов викенд се одржа 37. Меѓународниот ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за ФИА централноевропската зона, а најуспешниот македонски возач Игор Стефановски Иџе, постави нов рекорд од 02:02:09 минути. Постигнатото време е за две секунди подобро од досегашниот рекорд.
Според шампионот Стефановски, конечно е исполнет сонот. Постигнат е долго посакуваниот рекорд.
„Ми беше криво што натпреварувачи од други земји го имаа рекордот на патеката, која беше главна за моите почетоци во автомобилскиот спорт. Јас го имав македонскиот рекорд, но не и севкупниот рекорд на оваа патека. Конечно мисијата е завршена. Јас како Македонец сум горд што го имам и македонскиот, но и рекордот на оваа патека воопшто. Им се заблагодарувам на луѓето од мојот тим. Тие овозможија овој автомобил кој е подготвен за друг вид на натпреварување, да се приспособи за да можам да настапам на оваа трка“– изјави Иџе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА