Игор Стефановски – Иџе не успеа да стигне до титулата во ЕТЦЦ шампионатот за 2017 година, но со одличните настапи низ целата сезона покажа дека може да ссе носи рамо до рамо со сите ривали во ова натпреварување. Токму тоа му дава уште поголема самодоверба на Иџе дека во новата 2018 година ќе направи чекор напред и на крајот ќе се закити со титулата.
Македонија со Игор Стефановски Иџе ја започна новата спортска историја во ЕТЦЦ натпреварувањата, бидејќи нашата земја за првпат на ФИА ЕТЦЦ 2017 дебитираше со национална екипа. Поранешниот двократен светски шампион на ридски патеки, Иџе првпат оваа сезона возеше автомобил во сопственост на неговиот тим, АКК Стефановски, натпреварувајќи се под регистрацијата Македонија.
„Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона. Посебно би сакал да се заблагодарам на Агенцијата за млади и спорт, но и на сите други спонзори кои веруваа и во иднина ќе веруваат во нашиот потенцијал “ -порачува автомобилскиот ас. Тој и овојпат не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат уште следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА