Игор Стефановски Иџе имаше солиден настап на денешните квалификации пред утрешната трка во ЕТЦЦ шампионатот, која македонскиот возач на патеката „Хунгароринг“ ќе ја стартува од петтата позиција.
Најдобро време од сите оствари Александар Артмејев од Казахстан, кој со своето возило СЕАТ стигна до својата прва пол-позиција во кариерата. Второто и третото место го освоија унгарските возачи Золт Шабо и Норберт Наѓ, лидерот во генералниот пласман Шрајбер ќе биде четврти, а веднаш зад него ќе се најде токму Стефановски, кој не ја крие желбата на утрешната трка да стигне до првиот подиум сезонава.
Само за потсетување, претходно се одржаа две трки во ЕТЦЦ шампионатот на патеката „Монца“ во Италија, на кои Стефановски освои едно четврто и едно петто место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА